Барселона извиси за потписот на Бергвал

Барселона извиси за потписот на Бергвал

пред 5 месеци

Лукас Бергвал, суперталентираниот играч за врска од Шведска, денеска полни 18 години и ќе потпише професионален договор со Тотенхем.

Иако практично се беше подготвено да се пресели од Џургарден во Барселона, тој во последен момент се предомисли и се упати кон Лондон.

Тотенхем на шведскиот клуб ќе му плати 10 милиони евра плус одредени бонуси. Договорот ќе важи од јули годинава.

Бергвал минатата година одигра 25 натпревари за Џургарден и постигна два гола. Ги помина сите младински селекции на Шведска и има еден настап за сениорската репрезентација.

Share
Scroll to Top