Барселона му ја зеде светската круна на Веспрем

Барселона му ја зеде светската круна на Веспрем

пред 3 часа

Ракометарите на Барселона успеаја да го победат Веспрем со 31:30 (21:21, 13:12) по продолженија, ја освоија титулата клупски светски шампион, од тронот го симнаа токму тимот на Веспрем. Финалниот турнир беше организиран во Египет.

Во текот на првото полувреме се водеше сосема рамноправна борба, се играше по принципот гол за гол, а Барса отиде на полувреме со предност од еден гол – 13:12.

Иан Баруфет постигна пет гола, Блаж Јанц три, Дика Мем два гола. Кај Веспем, Уго Деска постигна четири гола, Недим Ремили и Иван Мартиновиќ постигнаа по три гола.

Во средината на второто полувреме, Барса стекна предност од три гола – 17:14. Веспрем не се предаде, па пет минути пред крајот, унгарскиот тим водеше со 20:19 по промашениот седмерец на Барса и загубената топка.

Следеше војна на нерви. Веспрем имаше напад за победа, но не успеа да го искористи, па финалето отиде во продолженија – 21:21.

По првото продолжение, на семафорот стоеше 26:26. Следеше војна на нерви, а прашањето за победникот го реши Гомез Абељо, кој постигна гол седум секунди пред крајот и го постави конечниот резултат 31:30.

Најефикасни во тимот на Барселона беа Гомез Абељо со шест, Јан Баруфет со пет, Тимоти Н’Гусен и Дика Мем со по четири, Блаж Јанц и Лудивик Фабрегас со по три гола. Кај Веспрем, Уго Деска постигна осум гола, Недим Ремили и Иван Мартиновиќ по шест, Гаспер Маргуч четири гола.

Третото место го освои актуелниот шампион на Европа, екипата на Магдебург, која го победи Ал Ахли со 32:23 (19:11).

Foto/ EPA

Share
Scroll to Top