Барселона напаѓач најде во редовите на Арсенал

Барселона напаѓач најде во редовите на Арсенал

пред 4 часа

Барселона се уште чувствува последици од финансиската криза што го стресе клубот. Според, правилата за финансискиот фер-плеј во Шпанија, клубот и натаму ќе работи според принципот 2:1, односно само половина од заработените пари може да ги потроши на нови играчи.

Финансииите се тег за челниците на Барселона и спортскиот директор Деко. Клубот има свои желби, но тие во овој момент се нереални.

Клубот покаѓа интерес за Хулијан Алварез, Лаутаро Мартинез и Жоао Педро, но јасно е дека ниту еден од нив нема да пристигне на „Ноу Камп“ како замена за Роберт Левандовски, кој си оди од клубот.

Наводно, клубот го прифатил предлогот на тренерот Ханси Флик, Барселона да се засили со Габриел Жесус.

Бразилецот не е задоволен од статусот што го има во Арсенал и најави дека ќе го напушти Лондон.

Сумата што ја бара Арсенал, според шпекулациите, е прифатлива за Барселона. Наводно се работи за 30 милиони во кеш и 15 милиони преку разни бонуси.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top