Барселона преку и-мејл му врачила отказ на Фернандез

Барселона преку и-мејл му врачила отказ на Фернандез

пред 3 години

Барселона на почетокот на месецот го раскина договорот со Бразиелцот, Матеус Фернандес (23). Фудбалерот имше договор до јуни 2025 година, но челниците на Барселона решиле да го избркаат од клубот.

Според Фернандез, начинот на кој што добил отказ, не му служи на чест н голем клуб каков што е Барселона.

„Бев дома со сопругата, ми се јавија од клубот да ме прашаат дали ја користам истата и-мејл адреса. Откако им одговорив потврдно, ми го испраија раскинот на договорот. Не ми беше јасно што се случува, им го препратив на менаџерот и адвокатот и тие ми потврдија дека го раскинале договорот со мене“, рекол Фернандес за бразилски „О Глобо“.

„Не можев да поверувам дека на таков начин ми го раскинаа договорот. Не разговараа со мене. Не се јавија ниту да се поздрават“.

Матеус Фернандес за сума од 10 милиони евра во јануари 2020 година пристигна во Барселона. Откако доби отказ договори трансфер во Палмеирас.

Инаку Фернадес ќе го тужи клубот и ќе бара да му бидат исплатени 15 милиони евра за предвремениот раскин на договорот.

Share
Scroll to Top