Барселона размислува за тужба против Флорентино Перез поради сериозни обвинувања

Барселона размислува за тужба против Флорентино Перез поради сериозни обвинувања

пред 1 час

Барселона размислува да поднесе тужба против претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, поради неговите изјави на денешната прес-конференција. Првиот човек на Реал, свика прес конференција за да се расправа со новинарите и да обвинува конкурентите.

Правниот оддел на Барселона ги анализира обвинувањата на Перез за да одлучи за понатамошните чекори.

Перез го нарече „случајот Негреира“ најголемиот корупциски скандал во историјата на шпанскиот фудбал.

„Пред три години беше откриен „случајот Негреира“, најголемиот корупциски скандал во историјата на шпанскиот фудбал. Неприфатливо е што судии од тој период сè уште судат во нашата лига. Затоа подготвивме обемно досие кое веднаш ќе го предадеме на УЕФА“, рече Перез.

Претседателот на Реал, исто така, најави испраќање обемна документација до УЕФА.

„Подготвуваме досие од 600 страници кое ќе го испратам до УЕФА. Ова е случај без преседан во светскиот фудбал. А претседателот на Судиската комисија ни кажува дека треба да го заборавиме“, додаде тој.

Перез тврди дека има поддршка од сите клупски структури и навивачи.

„Членовите на Реал се со мене во оваа војна против Негреира. Реал не е секогаш оштетен, и другите клубови се оштетени. Барселона секогаш има корист. Ќе видиме дали УЕФА ќе интервенира, и убеден сум дека ќе интервенираат.

Не можете да бидете осомничени за платена корупција дваесет години, ќе видиме што ќе се случи, казнено и спортско од страна на УЕФА. Не сум тука за судиите да се богата со парите на Барселона“, рече тој.

Тој исто така изрази неверица во целата ситуација.

„Не можевме ни да замислиме дека шефот на судиите добивал пари од Барселона две децении. Таа приказна излезе на виделина предоцна. Оттогаш подготвуваме досие и ќе одиме до крај. Тоа е најголемиот случај на корупција во историјата на фудбалот. И за доброто на фудбалот. Никој во светот не би помислил да им плаќа на судиите. Тоа е незамисливо“, рече Перез.

Конечно, тој го искажа своето мислење за резултатите во домашното првенство во последните децении.

„Не знам колку сезони сум тука, а освоив само седум Лиги на шампиони и седум првенства. А можеше да бидат 14 бидејќи ми ги украдоа. Направивме видео за 18-те бода што ни беа одземени оваа сезона“, заклучи претседателот на Реал Мадрид.

Како одговор на изјавите на Перез, Барселона објави официјално соопштение во кое се наведува дека нивниот правен оддел внимателно ја анализира ситуацијата.

„Во врска со прес-конференцијата свикана од претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, ве информираме дека нашиот правен оддел внимателно ги проучува неговите изјави и обвинувања.

Изјавите моментално се анализираат и се проценуваат понатамошните чекори. Кога ќе биде соодветно, јавноста ќе биде навремено информирана за ставовите и одлуките што ќе се донесат“, се вели во соопштението за медиумите на клубот.

Share
Scroll to Top