Барселона сепак ќе го откупи договорот на Рашфорд

Барселона сепак ќе го откупи договорот на Рашфорд

пред 3 часа

Макрус Рашфорд (28) ја оправдува довербата што клубот му ја покажа кога го донесе на позајмица минатото лето со неговите настапи во дресот на Барселона. Англискиот напаѓач досега постигна седум гола и девет асистенции во 23 официјални натпревари. Затоа, во спортскиот сектор, Барселона сè повеќе размислува за активирање на откупната клаузула, пишува „Мундо Депортиво“.

Рашфорд се покажа како исклучително важно решение за тренерот Ханси Флик, особено во периодот кога тимот беше без повредениот Рафиња речиси два месеци. Напаѓачот, на позајмица од Манчестер Јунајтед до 30 јуни следната година, ја искористи својата можност и играше на многу високо ниво.

Затоа, раководството на клубот во овој момент ја разгледува опцијата да ја активира откупната клаузула вредна 30 милиони евра и да го задржи Англичанецот во своите редови.

Она што особено се цени кај англискиот репрезентативец е неговата разноврсност. Рашфорд може да игра на лево и десно, но и како централен напаѓач, што му дава на Флик многу тактички опции, особено во случај на повреди на други играчи.

Неговиот придонес е видлив не само преку головите, туку и преку деветте асистенции кои сведочат за прецизноста на неговите додавања и центрирања, без разлика дали од игра, корнери или слободни удари.

Foto/ depositphotos

Share
Scroll to Top