Барселона ќе потроши 900.000.000 евра за реконструкција на „Ноу Камп“

Барселона ќе потроши 900.000.000 евра за реконструкција на „Ноу Камп“

пред 3 години

Претседателот на Барселона, Џоан Лапорта, предложил клубот да го започне проектот „Еспаис Барса“. Овој проект е тежок 1.500.000.000 евра. Од оваа перспектива реализацијата на проектот делува нереално, бидејќи Барселона има астрономски долг од 1.350.000.000 евра. Само минатата година клубот забележал минус од 451.000.000 евра.

Лапорта и неговите соработници се сигурни дека вложувањата, на долгорочен план ќе му донесат голема заработувачка на клубот.

Од Собранието тие ќе бараат дозвола за подигнување на кредит од 1.500.000.000 евра. Парите ќе бидат вложени во изградба на нов спортско-деловен комплекс.

Планот е да се изврши целосна реконструкција на стадионот „Ноу Камп“, со кој капацитетот би бил зголемен за 6.000 места, односно би можел да прими 105.000 гледачи.

Само за реконструкцијата на стадионот би биле потрошени 900.000.000 евра. Останатите 600.000.000 евра би биле вложени за изградба на нова арена со капацитет од 12.500 места, би бил изграден и нов стадион за младинската школа со целосна инфраструктура.

Доколку Собранието го одбри овој план, градежните работи би започнале наредното лето, а би завршиле до 2025 година.

Во меѓувреме, Барселона натпреварите би ги играла на помошниот стадион „Јохан Кројф“, со капацитет од 6.000 места или на Олимпискиот стадион „Монжуик“, чии капацитет изнесува 56.000 места.

Share
Scroll to Top