Безобразен потег на Патрик Беверли

Безобразен потег на Патрик Беверли

пред 3 години

Крис Пол со брилијантна партија ги однесе Финикс Санс во големото финале. Пол, прв пат во кариерата ќе се бори за шампионскиот прстен во НБА лигата.

36-годишниот кошаркар, доминираше во шестиот натпревар. Финикс славеа победа во Лос Анџелес, над Клиперс, со 130:103. Пол постигна 41 поен, 31 во второто полувреме.

Немоќта на Клиперси да го задржат Пол, ја отслика потегот на пргавиот Патрик Беверли. На шест минути до крајот на натпреварот, безобразно го турна Пол и предизвика метеж на теренот.

Финикс за титулата ќе се борат против Атланта Хокс или Милвоки Бакс. Резултатот во финалето на Истокот е 2-2.



Share
Scroll to Top