Без голови во градското дерби, Шкупи и Македонија сигурни

пред 3 години

Вардар и Работнички во скопското дерби одиграа 0:0, додека Македонија Ѓорче Петров и Шкупи со победи го заддржаа темпото со Шкендија во 15. коло во македонската Прва лига. Ако некогаш старото дерби беше за висок пласман, овојпат Вардар и Работнички со поенот од дербито остануваат на седмото, односно осмото место. Македонија Ѓорче Петров по тешкиот пораз од Шкендија во претходното коло, се врати со 3:1 победа на гости кај последнопласираната Беласица, додека Шкупи се доближи на два поени до лидерот со 3:1 победа кај Пелистер пред големото дерби со Вардар во следното коло. ПРВА ЛИГА, 15.КОЛО Вардар – Работнички 0:0 Беласица – Македонија ЃП 1:3 Пелистер – Шкупи 1:3 Ренова – Силекс 0:0 Струга Трим Љум – Академија Пандев 1:1 Табела :  1.Шкендија 33, 2.Шкупи 31, 3.Македонија ЃП 29, 4.Борец 22, 5.Силекс 21, 6.Струга 21, 7.Вардар 20, 8.Работнички 18, 9.Ренова 15, 10.Пелистер 12, 11.Академија Пандев 11, 12.Беласица 10. Фото: ФК Работнички

Share
Scroll to Top