Без Елмас против Ерменија

пред 3 години

Македонската фудбалста репрезентација отпатува за Никозија, каде на 18.ноември, ќе го одигра натпреварот од последното шесто коло, во Лигата на нации. Противник на Македонија ќе биде Ерменија. Селекторот Игор Ангеловски се соочува со сериозни кадровски проблеми пред натпреварот со Ерменците. Последен кој отшадна од спискот е Елиф Елмас. Играчот на Наполи, вчера против Естонија, го повредил бутниот мускул. Дуелот со Ерменија од разни причини ќе го пропуштат Пандев, Барди, Адеми, Димитиревски, Алиоски, Николов, Спировски, Велкоски и Ристевски. Селекторот за дуелот со Ерменија повика тројца нови играчи. Трајчевски, Мицевски и Китановски.

Share
Scroll to Top