Бекам заработува повеќе од ФИФА 21 отколку кога беше фудбалер!

Бекам заработува повеќе од ФИФА 21 отколку кога беше фудбалер!

пред 4 години

Поранешната англиска фудбалска легенда, Дејвид Бекам е на насловната страница на новата генерација на видео-играта ФИФА 21, враќајќи се на насловната по 23 години, и според извештаите од Англија, заработувајќи повеќе пари од тоа што е вклучен во видео-играта отколку парите кои ги заработуваше како фудбалер.

Бекам претходно беше амбасадор за ривалите ПЕС, но сега, конечно е достапен како три верзии верзија „Икона“ од неговите играчки денови. Според „Дејли мирор“, Бекам за тригодишниот договор со ЕА спортс ќе заработи 40 милиони фунти, откако ја одбил првичната понуда од 30 милиони фунти.

Ова значи дека тој ќе заработува неверојатни 256.000 фунти неделно само со промотивни акции, што сигурно се најлесните пари кои ги заработил во животот. Бекам официјално ќе биде додаден во играта на 15 декември.

Share
Scroll to Top