Белингем суспендиран на два натпревари, Реал ќе се жали на оваа одлука

Белингем суспендиран на два натпревари, Реал ќе се жали на оваа одлука

пред 4 недели

Џуд Белингем ја дозна казната за црвениот картон што го доби на натпреварот против Осасуна.

Фудбалерот на Реал Мадрид е казнет со два натпревари суспензија и ќе ги пропушти натпреварот против Џирна во Мадрид и гостувањето кај Бетис во Севилја.

Репрезентативецот на Англија упатил вулгарни зборови кон судијата Монтеро Мунуера. кој деновиве се наоѓа под силен притисок од јавноста, а доби и смртни закани. Белингем и неговиот тренер Карло Анчелоти негираа дека судијата не разбирал добро англиски и дека вулгарните зборови не биле упатени кон него.

Реал Мадрид најави дека ќе се жали на одлуката и ќе бара поништување на казната.

Инаку, за сличен прекршок, во април 2019 година, поранешниот играч на Атлетико Мадрид, во дербито против Барселона го пцуеше судијата Хесус Хил Манзано, доби црвен картон и суспензија од осум натпревари.

Share
Scroll to Top