Белинели од Виртус ќе добие 5.000.000 евра

Белинели од Виртус ќе добие 5.000.000 евра

пред 3 години

Марко Белинели по 13 години повторно ќе игра европска кошарка. Ветеранот договори соработка со Виртус Болоња.

Белинели ќе потпише три годишен договор, за кој од Виртус ќе добие 5.000.000 евра.

Крилниот кошаркар кариерата ја започнал во Виртус, но по само една година се преселил во редовите на градскиот ривал Фортитудо. По четири години, во 2007 заминува во НБА лигата, во Голден стејт Вориорс.

Во НБА играл и за Торонто Репторс, Њу Орлеанс Пеликанс, Чикаго Булс. Во 2014 година со Сан Антонио Спарс ја освоил шампионската титула. Следуваат сезони во Шарлот Хорнетс, Атланта Хокс и Филалделфија, за во 2018 година да се врати во Сан Антонио.

Во кариерата одиграл 860 натпревари во НБА лигата, на кои во просек по натпревар бележел 9,7 поени, 2,1 скок и 1,7 асистенции.

Само од плати во кариерата заработил речиси 50.000.000 долари.

Share
Scroll to Top