Бензама го пропушта Интер

пред 3 години

Карим Бензема, најдобриот стрелец на Реал Мадрид, претпладнево не тренирал со соиграчите. Бензема е повреден, денеска тој работел одвоено, по специјална програма. Реал се подготвуваат за натпреварот со Интер, во среда. Бензема поради повредата на мускулот не играше во саботата против Виљареал (1:1), а според шпанските медиуми тој немада биде во составот на својот тим ниту против Интер во Милано. Тренерот на реал, Зинедин Зидан, има големи проблеми со повредите и заразените со коронавирусот. Во нападот за дуелот со Интер ќе го има само Маријано Дијаз, додека поради повреди нема да може да смета на Серхио Рамос, Феде Валверде и Алваро Одриозола. Негативни резултати на коронавирусот чекаат Касемиро и Едер Милитао.

Share
Scroll to Top