Бензема ги крена Реал на првото место во Ла лига

Бензема ги крена Реал на првото место во Ла лига

пред 3 години

Реал Мадрид се искачија на првото место во шпанската Ла лига со 3:0 победата на гости кај Кадиз, барем до утре, кога Атлетико Мадрид играат со Уеска.

Победникот беше одлучен во 10 минути од првото полувреме. Карим Бензема во 30. минута од мечот од пенал ги донесе „кралевите“ во водство, за само три минути подоцна да му асистира на Алваро Одриозола за 0:2, за на крајот во 40. минута да го постигне својот втор гол.

Со победата, Реал се на првото место во Ла лига со 70 поени по 32 меча, исто колку и градскиот ривал Атлетико Мадрид, кој има 31 меч, сега Севилја е трета со 67 поени (32 меча) по 1:0 победата кај Леванте, додека Барса е четврта со 65 поени, но само од 30 меча.

Графика: Sofascore за Топспорт.мк

ЛА ЛИГА, 31.КОЛО

Кадиз – Реал Мадрид 0:3

Леванте – Севилја 0:1

Осасуна – Валенсија 3:1

Реал Бетис – Атлетик Билбао 0:0

Алавес – Вилјареал 2:1

Елче – Валјадолид 1:1

Share
Scroll to Top