Бензема за победа – Реал се израмни со Сосиедад и Атлетико на врвот!

Бензема за победа – Реал се израмни со Сосиедад и Атлетико на врвот!

пред 3 години

Реал Мадрид се израмни со Реал Сосиедад и Атлетико Мадрид на врвот на Ла лига со 26 поени, откако потешко од очекувањата со 3:1 ги совладаа Атлетик Билбао, кои поголем дел од мечот го одиграа со 10 играчи.

Раул Гарсија успеа да добие два жолти картони по само 13 минути игра, оставајќи го баскискиот клуб со играч помалку, но на „кралевите“ им требаше финишот на полувремето за да дојдат до водство, откако Тони Крос постигна фантастичен гол од далечина.

Во второто полувреме, Билбао успеа да израмни преку Андер Капа во 52. минута, но „кралевите“ го имаат фантастичниот Карим Бензема, кој во 74. минута донесе победа за „кралевите“, пред во 92. минута да го потврди  третиот триумф во низа во Ла лига. Реал сега се трети со 26 поени, колку што имаат и Атлетико Мадрид и Реал Сосиедад, иако Атлетико има два натпревари помалку. Билбао се само 13. со 14 поени, откако немаат победа во последните четири меча.

Share
Scroll to Top