Бензема: Зидан? Перфектен човек

Бензема: Зидан? Перфектен човек

пред 3 години

Најдобриот играч на Реал Мадрид во изминатите две сезони, Карим Бензема, фрекол дека му е жал што „перфектниот“ човек Зинедин Зидан, заминал од „Сантијаго Бернабеу“.

Во двата мандати на Зидан во Реал, Бензема освоил три трофеи во Лигата на шампионите и два во Ла Лига.

„Зизу секогаш ме поддржуваше, ми помогна да дојдам до ова ниво. Секојдневно сум му благодарен. Секако дека сум разочаран што го напушти Реал. Тој е одличен тренер. Зидан е перфектен човек. Дури би рекол и дека е величествен. Но така одат работите. Животот продолжува“, рекол Бензема.

Карим Бензема сезонава одиграл 46 натпревари за Реал во суте натпреварувања, постигнал 30 голови. Бензема по шест години доби повик во националниот тим, тој ќе игра на ЕУРО 2020.

Share
Scroll to Top