Бензема и Винисиус ја „суредија“ Валенсија

Бензема и Винисиус ја „суредија“ Валенсија

пред 2 години

По незгодниот пораз од Хетафе во првото коло во 2022 година, Реал Мадрид се врати на победите во шпанската Ла лига, декласирајќи ја Валенсија со 4:1 на „Сантијаго Бернабеу“, во меч во кој Карим Бензема го постигна својот јубилеен 300. гол во дресот на „кралевите“.

Бензема го отвори резултатот во 43. минута со гол од пенал, негов 300. во дресот на Мадрид, по што на сцена стапи неговиот партнер од нападот, Винисиус Жуниор, кој во 52. и 61. минута постигна два гола да ја потврди победата на „кралевите“.

Француско-бразилската „врска“ во нападот на Реал е незапирлива оваа сезона – тие заедно се вклучени во 35 гола и 17 асистенции и се најзаслужни што тимот на Карло Анчелоти сега има осум поени предност пред Севилја (иако со два натпревари повеќе).

Гонсало Гуедеш во 76. минута доби шанса да биде стрелец за Валенсија кога беше досуден пенал за гостите, и иако во првиот обид не успеа, потоа ја смести топката во мрежата на Тибо Куртоа за 3:1. Бензема го постигна и својот 301. гол за Реал во 89. минута за комплетирање на убедливиот триумф.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Share
Scroll to Top