Бензема и Вини го однесоа Реал Мадрид на +10 во Шпанија!

Бензема и Вини го однесоа Реал Мадрид на +10 во Шпанија!

пред 3 години

Винисиус Жуниор и Карим Бензема продолжија со својата фантастична форма во Ла лига оваа сезона, предводејќи го Реал Мадрид до 0:3 победа на гостувањето кај Мајорка и одвојување на фантастични 10 поени предност пред Севилја по 28 одиграни кола.

Вини го „скрши“ отпорот на домаќините во 55. минута по асистенција на Бензема, а потоа Бразилецот беше соборен во шестнаесетникот во 76. минута за зголемување на 0:2, пред во 82. минута, францускиот напаѓач да го постигне и третиот гол на мечот.

Со ова Бензема останува најдобар стрелец во Ла лига со 22 постигнати голови, а на второто место е токму Винисиус со 14 гола. Бензема покрај тоа има 11 асистенции, додека Вини додаде 6 асистенции за тимот на Карло Анчелоти. Бензема, да потсетиме минатата недела постигна хет-трик против Пари Сен-Жермен за да ги однесе „кралевите“ во четврт-финалето на Лигата на шампиони.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Share
Scroll to Top