Бензема ќе го продолжи договорот со Реал

Бензема ќе го продолжи договорот со Реал

пред 3 години

Карим Бензема ќе го продолжи договорот со Реал Мадрид. Според медиумите во Шпанија, Бензема, ќе го продолжи договорот до јуни 2023 година, што значи дека би можел кариерата да ја заврши во Мадрид.

Реал, вечера го продолжи договорот со Дани Карвахал, а деновиве се очекува истото да го направи и со Бензема.

Францускиот репрезентативец има договор со клубот и за оваа сезона. За да не им се повтори ситуацијата со Серхио рамос и рафаел Варан, клупските челници решиле да му понудат нов договор напаѓачот, кој тој го прифатил.

Карим Бензема е играч на Реал од 2009 година. За „кралскиот клуб“ одиграл 559 натпревари, постигнал 279 голови.

Share
Scroll to Top