Бенфика (не)мора да го продаде Фернадез

Бенфика (не)мора да го продаде Фернадез

пред 2 години

Фудбалскиот клуб Бенфика само под еден услов ќе го продаде Енцо Фернандез. Младиот Аргентинец на неодамна завршеното Светско првенство ја освои титулата со националниот тим и ја доби наградата за најдбар млад играч.

Претседателот на клубот Руи Кошта денеска изјави дека клубот не е принуден да го продаде Енцо Фернандез, но дека ќе се договорат доколку некој ја активира откупната клаузула од 120 милиони евра и доколку фудбалерот сака да ја напушти Бенфика.

„Единствен начин Енцо да си замине во текот на зимскиот преоден рок е некој да ја активира откупната клаузула од 120 милиони евра. Не сакаме сега да го продадеме но ќе бидеме задоволни ако тој сака да замине и некој ја плати клаузулата“, изјави Руи Коста.

Според последните информации, Челзи е најконкретен во идејата за активирање на клаузулата, но во игра се и Ливерпул и Манчестер јунајтед.

Share
Scroll to Top