Бербатов до „ѓаволите“: Земете го Серхио Рамос во Јунајтед!

Бербатов до „ѓаволите“: Земете го Серхио Рамос во Јунајтед!

пред 3 години

Поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Бугаринот Димитар Бербатов им порача на „црвените ѓаволи“ да го ангажираат Серхио Рамос.

„Играч со неговиот квалитет и искуство одлично би му дошол на Јунајтед. Гледам дека се уште не ја продолжил соработката со Реал Мадрид, па не е невозможно да го донесат. Знаеме сите дека мадридскиот клуб не сака да задржува играчи во тие години. Нему му е приоритет да се договори со челниците на Реал, прашање е дали условите што ќе му ги дадат ќе бидат задоволувачки. Рамос е физички еден од најподготвените играчи во светот, а знам и дека има голема желба да се испроба на Островот. Манчестер Јунајтед е клуб кој одговара на неговата класа“ вели Бербатов.

За потсетување, 34-годишниот Рамос од 2005 година е на „Бернабеу“.

Share
Scroll to Top