Бетис во Загреб доаѓа со само 11 сениори

Бетис во Загреб доаѓа со само 11 сениори

пред 7 месеци

Бетис во четврток ќе гостува во Загреб кај Динамо, во реванш натпреварот во плеј-офот, во Конференциската лига. Во пресрет на натпреварот Мануел Пелегрини се соочува со огромно кадровски проблеми. Повредите направи пустош во неговиот тим, па поради тоа тој во Загреб на располагање ќе има само 11 сениори.

Последен кој е ставен на листата на повредени е Вилијам Карваљо, Португалецот има повреда на мускулот.

Поради повреди Бетис во Загреб не може да смета и на Иско, Марко Бартра, Гвидо Родригез, Абнер и Ајосе Перес кои не играа ниту на првиот натпревар. Во реваншот ќе го нема ниту Херман Пецеља кој го заработи третиот жолт картон, на првиот натпревар во Севилја.

Покрај тоа, Бетис за Конференциската лига не ги пријави петмината играчи кои го засилија тимот во зимскиот преоден рок: Сократис, Пабло Форналс, Чими Авила, Јусуф Сабали и Серхи Алтимира.

Динамо првиот меч го доби со 1:0, со голот на Петковиќ од пенал.

Share
Scroll to Top