Бехрами: Џака и Шаќири згрешија со провокациите со Србија

Бехрами: Џака и Шаќири згрешија со провокациите со Србија

пред 2 години

Поранешниот швајцарски репрезентативец, Ваљон Бехрами вели дека жали за инцидентот кој се случи на Светското првенство во 2018 година, кога Швајцарија стигна до победа над Србија со головите на Гранит Џака и Џердан Шаќири и потоа прославуваа со „орлите“, предизвикувајќи политички скандал на мечот.

Бехрами, кој е роден на Косово, во интервју за „Блик“ вели дека бил осудуван зошто и тој не го покажал „орелот“, и признава дека било грешка тој меч да се претставува како политичка војна. Интересно, Србија и Швајцарија повторно се во иста група на Мундијалот во Катар, каде што нема да биде Бехрами, но се очекува Шаќири и Џака да се дел од швајцарската репрезентација.

„Таа тема ниту сега не ја сакам. Тоа е фудбал, а не политика и таков гест не требаше да биде на фубаласкиот терен. Не играме војна. Мене ме обвинуваа на Косово бидејќи не го покажав гестот, но фудбалерите на Србија се мои пријатели, тие се родени по војната. Затоа на ова СП треба да се игра само фудбал и да се игнорираат другите работи“, вели Бехрами.

Нема суспензија за Шаќири и Џака, само парична казна за Швајцарците

Блик: Господине Шаќири ние не сме залудени со национализам

Share
Scroll to Top