Возачот на Априлија, Марко Бецеки, триумфираше на спринт трката што се возеше во рамките на Големата награда на Австралија, 19-то коло од овогодинешното Мото ГП првенство.
Италијанецот ја освои својата трета спринт победа оваа сезона на патеката „Филип Ајленд“, со повеќе од три секунди предност пред Раул Фернандез од Трекхаус.
На двајцата им се придружи на подиумот Педро Акоста од КТМ Рејсинг, кој во фото-финишот беше за 66 илјадити делови подобар од миленикот на локалната публика, Џек Милер.
Иако возачот на Јамаха, Фабио Квартараро, стартуваше од пол-позицијата, борбата за триумфот се сведе на Бецчеки и Фернандес.
На крајот, Квартараро мораше да се задоволи со седмото место, а освојувачите на поени ги комплетираа Лука Марини на Хонда и Пол Еспаргаро, кој го заменува повредениот Маверик Вињалес во тимот Тех3.
Спринтот на „Филип Ајленд“ беше обележан и со уште едно разочарувачко издание на Франческо Бањаја, кој заврши на 19-то место.
Повредениот Марк Маркез, кој веќе ја освои титулата, води во генералниот пласман со 545 поени, неговиот помлад брат Алекс е втор со 366, додека Бањаја е трет со 274, но Бецеки е само осум поени помалку од него.
Foto/ EPA