Беше во Милан во ера на Шевченко, Кака, Роналдињо, сега брани во хрватска 7. лига

Беше во Милан во ера на Шевченко, Кака, Роналдињо, сега брани во хрватска 7. лига

пред 3 години

Легендарниот фудбалски голман, Жељко Калач кој своевремено го бранеше голот на Милан во периодот кога тимот ја имаше една од најмоќните генерации со Андреј Шевченко, Филипо Инзаги, Кларенс Сидорф, Кака, Гатузо, но и Роналдињо и Дејвид Бекам денеска е активен на фудбалските терени и со 48 години.

Не на високо ниво, но тој сега е дел од аматерскиот фудбал.

Поради коронавирусот му се искомпликувало враќањето во Австралија (го бранеше дресот на оваа земја), па хрватските медиуми јавуваат дека тој застанал на голот на седмолигашот во Хрватска, екипата на Томпојевци.

Тоа е село на 20 километри од Вуковар каде живеат 200 жители, па токму Калач дебитираше на голот на локалниот клуб.

Share
Scroll to Top