Бешикташ го доби истанбулското дерби и се искачи на првото место

Бешикташ го доби истанбулското дерби и се искачи на првото место

пред 3 години

Бешикташ со 2:0 го совлада тимот на Галатасарај во лутото истанбулско дерби, за да се искачи на првото место во турската Суперлига.

Пресметката на двата клуба од европскиот дел на Истанбул, секогаш носи лути ривалства со многу расправии, црвени картони и инциденти, и ова беше случај и овојпат, откако Галата остана со играч помалку во 58. минута, кога Мбаје Диање доби црвен картон.

Бразилецот Жозеф во 79. минута го скрши отпорот на Галата, за во 93. минута Жорж-Кевин Нкуду да ги постави конечните 2:0. Со победата, Бешикташ се први со 38 поени, Фенербахче со натпревар помалку (и во исчекување на Месут Озил) се втори со 35 поени, Газиантеп имаат 34, а Галата 33. Актуелниот шампион Башакшехир е само 12. со 23 поени.

Share
Scroll to Top