Бешикташ ја освои двојната титула во Турција

Бешикташ ја освои двојната титула во Турција

пред 3 години

Неколку дена, откако успеаја да ја освојат титулата од Турската Суперлига со подобра гол-разлика, Бешикташ се закити и со Купот на Турција, откако во Гозтепе со 2:0 го совлада тимот на Анталијаспор.

Тимот на Серген Јалчин го реши победникот на мечот рано во првото полувреме – Бразилецот Жозеф им донесе водство во 3. минута, пред Французинот Валентин Росие да ги постави конечните 0:2 во 30. минута од мечот.

Ова е 10. трофеј на „Црните орли“ во Купот на Турција, откако го освоија 16. трофеј во лигата и прва двојна титула од 2009 година.

Share
Scroll to Top