Бејл останува во Реал

Бејл останува во Реал

пред 3 години

Герет Бејл ќе го одработи својот договор со Реал Мадрид. Велшанецот, минатата сезона ја мина на позајмица во Тотенхем. Се шпекулираше дека по завршувањето на Европското првенство ќе се пензионира или ќе се пресели во Америка, но тој донел помалку неочекувана одлука.

Заминувањето на Зинедин Зидан му го отвора местото на Велшанецот во тимот кој ќе го предводи Карло Анчелоти.

Бејл, во Реал, пристигна во 2013 година кога тренер на „кралскиот клуб“ беше Италијанецот.

Најавите на шпанските медиуми се дека Бејл ќе има значајна улога кај Анчелоти.

Во кариерата, Бејл, за Реал има одиграно 251 натпревар, постигнал 105 голови и забележал 68 асистенции.

Share
Scroll to Top