Бејл со хет-трик спаси победа над Белорусија

Бејл со хет-трик спаси победа над Белорусија

пред 3 години

Герет Бејл постигна хет-трик за да помогне Велс да стигне до драматична победа од 3:2 на гости кај Белорусија со последниот гол во 94. минута во неубедлив меч на „змаевите“ во квалификациите за Светското првенство во 2020.

Мечот кој се играше на неутрален терен во Казан, Русија, започна лошо за Белорусите, откако веќе во шестата минута беше досуден пенал за Велшаните, кој Бејл сигурно го реализираше. Меѓутоа, тогаш следуваше шок за две минути – прво во 29. минута Виталиј Исакович од пенал израмни, за потоа да му асистира на Павел Седко две минути подоцна за неочекувано водство.

Бејл, повторно од пенал во 69. минута израмни на 2:2, за во 94. минута да го комплетира хет-трикот користејќи ја големата грешка на белорускиот голман Сергеј Черник, за Велшаните да го заддржат третото место во групата Е зад лидерите Чешка и Белгија.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Share
Scroll to Top