Биелса го однесе Уругвај на СП, прашање е дали ќе го води тимот на планетарната смотра

Биелса го однесе Уругвај на СП, прашање е дали ќе го води тимот на планетарната смотра

пред 2 часа

Марсело Биелса избори пласман на Светското првенство со Уругвај, но прашање е дали „Ел Локо“ ќе го предводи тимот на Мундијалот во САД, Мексико и Канада.

Уругвај, во пријателски натпревар, доживеа тежок пораз од САД (5:1), поради што медиумите во Уругвај шпекулираат дека тој ќе добие отказ.

Коментаторот и аналитичар Федерико Бујсан, кој со години ги следи и коментира натпреварите на националниот тим, за радио станицата „Дспортес“ изјави дека ситуацијата во тимот е алармантна.

„Односот меѓу тренерот и играчите е „нарушен“. Пораките испратени до тимот едноставно не стигнуваат до главите на играчите. Момците ја пренесоа таа порака до челниците во Федерацијата. Раководството, во принцип, сака тренерот да остане, но тие се многу загрижени за целата ситуација“, рече на Бујсан и изјави:

„Хорхе Џордано (генерален секретар на Федерацијата) верува во тренерот“.

Аргентинецот беше назначен за селектор на Уругвај во мај 2023 година, што е негово трето назначување на клупата на јужноамериканска селекција по Аргентина (1998-2004) и Чиле (2007-2011).

Третото место на Копа Америка минатата година беше прифатено како успех, но во текот на квалификациите за Светското првенство во 2026 година, односот со играчите се вложи.

Уругвај директно, како четврти во лигата од десет национални селекции, се пласира на СП, но игрите и резултатите (7-7-4, 22:12) не беа на очекуваното ниво.

Биелса го доби прекарот „Лудак“ со својот жесток и нетипичен начин на водење на тимот, неговата малку луда посветеност на фудбалот, со што изврши големо влијание врз помладата генерација тренери.

Пеп Гвардиола, во времето додека беше активен играч, патувал од Мексико во Аргентина само за да помине еден ден на ранчот на Биелса разговарајќи за фудбалот и животот со својот домаќин.

Гвардиола, за многумина најдобриот тренер во светот, секогаш со голема почит говори за Биелса и често вели дека тој е неговиот „фудбалски татко“.

Foto/ EPA

Share
Scroll to Top