Бизарна е причината за откажувањето на Алонсо

Бизарна е причината за откажувањето на Алонсо

пред 3 години

Фернандо Алонсо го имаше својот кам-бек во Формула 1, но не ја заврши вчерашната трка за Големата награда на Бахреин. Возачот на Алпин, се повлече од патеката во 26 круг.

Причината за повлекувањето на Алонсо, во ситуација кога се бодеше за пласман меѓу најдобрите 10 е повеќе од бизарен.

„По првото влегување во боксот, имавме проблем и моравме да го повлечеме болидот. Пластична фолија за заглави во каналот на задната кочница, поради тоа високата температура создаваше големи проблеми во системот за кочење. Алонсо моравме да го повлечеме од безбедносни причини“, рекол техничкиот директор Марчик Будковски.

Трката во Бахреин заврши со победа на Луис Хамилтон, пред Макс Ферстапен и Валтери Ботас.

Share
Scroll to Top