Бизарна сцена во Серија Б – Козенца играше со 12 играчи, па за неколку минути остана со 10!

Бизарна сцена во Серија Б – Козенца играше со 12 играчи, па за неколку минути остана со 10!

пред 3 години

Салернитана се искачи на првото место во Серија Б во неделата со гостинска победа кај Козенца во меч во кој имаше вистински куриозитет – домаќините одиграа неколку минути со 12 играчи, пред набргу да останат со 10.

Џенаро Тутино го постигна единствениот гол по 50 минути игра за важна победа за „Кампани“, а по голот, тренерот на Козенца Роберто Окиуци реши да направи три замени, внесувајќи ги во игра Адријан Петре, Ишан Сако и Абу Ба наместото на Лука Битанте, Мирко Бручини и Мирко Карета.

Меѓутоа, Бручини не сфати дека ќе го заменат и остана на теренот, а ниту судијата не забележа дека тие имаат 12 играчи на теренот. Од Салернитана, секако, се побуниле на ова, и Ба доби жолт картон во 78. минута бидејќи не чекаше Бручини да излезе од теренот. Само три минути подоцна Ба доби и втор жолт, и Козенца продолжија со 10 играчи.

Share
Scroll to Top