Билбао ќе започнат преговори со Покетино?

Билбао ќе започнат преговори со Покетино?

пред 3 години

Аргентинскиот тренер Маурисио Покетино би можел да седне на клупата на Атлетик Билбао. Според „Марка“, Покетино е еден од тројцата кандидати за тренерската позиција во овој клуб. Покрај него во игра се и поранешниот тренер Ернесто Валверде и екс предводникот на Валенсија и Виљареал, Марселино Гарсија Торал.

„Марка“, тврди дека Покетино е првиот пик на клупските челници и наскоро треба да го контактираат Аргентинецот. Покетино се поврзува и со Манчестер јунајтед.

Атлетик Билабо лошо влегоа во новата сезона, во првите девет натпревари во Ла Лига, освоија само осум поени.

Share
Scroll to Top