Поранешниот македонски селектор, хрватскиот тренер Ивица Обрван е нов селектор на ракометната репрезентација на Босна и Херцеговина, откако Билал Шуман се повлече по квалификациите за СП.
Покрај Обрван, главни кандидати за селектор беа поранешниот тренер на Вардар, Веселин Вујовиќ, како и Ирфан Смајлагиќ.
Обрван ќе дебитира на клупата на БиХ против Австрија на 8 март во квалификациите за Европското првенство.