Блескаво деби на Едуард – Кристал Палас го декласира Тотенхем

Блескаво деби на Едуард – Кристал Палас го декласира Тотенхем

пред 3 години

Тотенхем доживеа дебакл кај Кристал Палас, во натпреварот кој го отвори четвртото коло во Премиер лигата. Деби за паметење имаше Одсон Едуар, кој за десет минути, колку што играше, во победата од 3:0, постигна два гола.

Тотенхем во малото градско дерби влезе со три победи, без примен гол и со многу проблеми во ростерот. Нуно Еспирито Санто не можеше да смета да двајцата централни дефанзици, Ромеро и Санчез, а проблемите за Тотенхем се зголемија во 11.минута, кога Ерик Даер поради повреда мораше да го напушти теренот.

Згора на тоа Танганга, во интервал од пет минути, во 53. и 58.минута, доби опомени поради што мораше да излезе од теренот.

Танганга е третиот играч на Тотенхем кој доби црвен картон во првите четири кола. Доерти беше исклучен против Лидс, а Ламела, кој повеќе не е во клубот, против Арсенал.

Кристал Палас, максимално ги искористи сите проблеми со кои се соочи Тотенхем. Го наметна совјот стил на игра, а добрата игра успеа да ја наплати во последните 15 минути.

Заха постигна гол од пенал во 76.минута за 1:0. За најдобриот играч на Кристал Палас, ова беше прв гол против Тотенхем во неговиот 14.настап.

По Заха на сцена стапи Одсон Едуар, напаѓачот кој во последните денови од преодниот рок пристигна во клубот од Селтик.

Едуард на теренот влезе во 83. минута, а 30 секунди подоцна, во првиот допир со топката го постигна својот дебитански гол во Премиер лигата. Истиот играч во 93.минута го постави конечниот резултат.

Share
Scroll to Top