Бобан: Не разбирам што работи Ибрахимовиќ во Милан

Бобан: Не разбирам што работи Ибрахимовиќ во Милан

пред 3 месеци

Поранешниот хрватски фудбалер Звонимир Бобан не е сигурен дека ја разбира улогата на Златан Ибрахимовиќ во Милан.

Во опширното интервју за „Газета дело спорт“, Бобан меѓу другото зборуваше и за ситуацијата во неговиот поранешен клуб, каде што ги помина најдобрите години во кариерата. Бобан беше и спортски директор на Милан (2019/2020).

Хрватскиот ас долго време беше десна рака на претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, а во меѓувреме поднесе оставка на функцијата во европската „куќа на фудбалот“, за што зборуваше и, иако поинтересниот дел од разговорот беше за Милан и Ибрахимовиќ.

„Златан е генијалец и ќе му бидам благодарен до крајот на мојот живот бидејќи од љубов кон Милан се согласи да се врати и со тоа ја промени поновата историја на клубот. Но, сега не ми е јасно што прави во Милан и кои се неговите обврски за да можам да го оценам. Се надевам дека ги тој ги разбра, бидејќи на крајот за работата јавноста ќе му суди нему, а не на спортскиот директор Монкадо“, изјави Бобан кој ја критикуваше трансфер политиката на Росонерите.

„Тимот кој ја освои Серија А и беше полуфиналист во Лигата на шампионите беше невнимателно растурена. Толку многу можеше да се изгради на тие темели. За мене тоа беше очигледна грешка”, изјави Бобан.

Share
Scroll to Top