Богдановиќ го надигра Дончиќ, Бруклин рафално против Оклахома, Јокиќ не може сам

Богдановиќ го надигра Дончиќ, Бруклин рафално против Оклахома, Јокиќ не може сам

пред 3 години

Јута Џез ја презеде лидерската позиција во НБА лигата. Џезерите, до убедлив начин дојдоа до 15 победа во сезоната. Јута, ги декласира Далас Маверикс со 120:101. Сан Антонио ја прекина серијата од шест победи на Денвер со триумфот 119:109. Бруклин Нетс, без Кевин Дурент, постигнаа 147 поени во победата над Оклахома.

Јута Џез, играат во страшна форма. Синоќа тие ги декласираа Далас Меверикс 120:101. Во еден период Јута имаше предност поголема и од 30 поени. Џезерите до триумфот ги предводеше Бојан Богдановиќ со рекордни во сезоната 32 поени. Хрватот погоди седум тројки од 11 обиди. Во редовите на Далас најефикасен беше Лука Дончиќ со 25 поени, на кои придодаде шест скока и седум асистенции.

Бруклин Нетс го наполнија кошот на Оклахома и без Кевин Дурент во тимот. Нетс славеа со 147:125. Џејмс Харден и Кајри Ирвинг постигнаа по 25 поени, а Харден забележа и 10 скока и 11 асистенции.

Јанис Адетокумбо и Никола Јокиќ не можеа да ги спречат поразите на своите тимови.

Милвоки Бакс го запишаа третиот пораз на последните пет натпревари. Њу Орлеанс славеа над Бакс со 131:126. Адетокумбо забележа 38 поени и 11 скока. Кај Њу Орлеанс се истакнаа Бренсон Инграм со 28, Лонзо Бол со 27 и Ерик Бледсо со 25 поени.

Серијата на Денвер од пет победи заврши во Сан Антонио. Спарс ги победија Нагетс со 119:109. Демар Дерозан забележа 30 поени и 10 асистенции, 26 поени постигна Дежонте Мареј.

Вообичаено најдобар во редовите на Денвер беше Никола Јокиќ со 35 поени, 10 скока и пет асистенции.



Резултати:

Шарлот-Индијана 108:105
Вашингтон-Атланта 100:116
Њујорк-Кливленд 102:81
Торонто-Сакраменто 124:126
Минесота-Филалделфија 94:118
Орлансо-ЛА Клиперс 90:116

Share
Scroll to Top