Богдановиќ од Сакраменто Кингс во Милвоки Бакс

пред 4 години

Милвоки Бакс своите редови ги засилија со двајца одлични играчи, со кои ќе се обидат да на освојат титулата во НБА лигата. Нови соиграчи на Јанис Адетокумпо се Богдан Богдановиќ и Џру Холидеј.

Репрезентативецот на Србија, Бојан Богдановиќ, во Висконсин пристигна од престолнината на Калифорнија, Сакраменто. Богдановиќ потпиша нов договор со Сакраменто Кингс и веднаш ја искористил опцијата за трејд. Нешто слично пред една година направи Кевин Дурент, кога од Голден стејт Вориорс се пресели во Бруклин Нетс.

Во замена за Богдановиќ, Сакраменто ги добија Донте Дивиченцо, Ди-Џеј Вилсон и Ерсан Иљасова.

Богдановиќ потпишал четири годишен договор, а се претпоставува дека годишно ќе заработува помеѓу 12 и 15.000.000 долари.

Богдановиќ во кариерата има одиграно 209 натпревари во НБА, во просек бележи 13,5 поени, 3,2 скока и 3,5 асистенции.

Покрај Богдановиќ, нов играч на Милвоки стана и плејмејкерот Џру Холидеј. Во замена за Холидеј, Њу Орлеанс од Милвоки ги добија Ерик Бледсо, Џорџ Хил и два пика од првата рунда на драфтот.

Со овоие две засилувања Милвоки Бакс повторно ќе бидат први фаворити за титулата во Источната конференција и едни од најсериозните кандидати за освојување на шампионскиот прстен.

Share
Scroll to Top