Боксот без ракавици е брутален, но полската „Громда“ е нешто навистина посебно!

Боксот без ракавици е брутален, но полската „Громда“ е нешто навистина посебно!

пред 3 години

Боксот без ракавици е еден од најбруталните спортови на денешницата, а полската „Громда“ е навистина посебно натпреварување со стриптизети, графити и мотоцикли во позадината, и невидена бруталност во рингот.

Прва ѕвезда на „Громда 5“ беше полската ѕвезда Бартломиеј „Балбоа“ Домалик, кој едноставно ги прегази своите противници.

Во првата рунда, „падна“ Михал „Бојка“ Валчак по серија директни удари во главата кои го оставија во несвест. Во следната рунда беше „покосен“ Мариуш Кручек, овојпат со удар со левицата, за во финалето да го совлада Патрик „Глеба“ Толкачевски по две рунди.

Ова не е единствен „крвав спорт“ во Полска, каде што постои и ривалската организација на „Громда“, уште покрвава „Воторе“ (Wotore).

Share
Scroll to Top