Фенербахче и Панатинаикос со победи го отворија плеј-офот во Евролигата. Во драматични натпревари, Фенербахче го победи Париз со 83:78, а ПАО славеше победа над Ефес 87:73.
Избраниците на Тиаго Сплитер, Истанбул беа во мечот до последните секунди, но не успеаја да се одбраната од Вејд Болдвин.
Тајсон Вард со 19 поени (7/11 од поле, 3/7 за тројки) и пет скока го предводеше Париз, Надир Хифи постигна 21 поен,, Ти Џеј Шортс забележа 17 поени и седум асистенции.
Фенер имаше четворица „двоцифрени“ играчи – Болдвин даде 15, Најџел Хејс-Дејвис 14, Хол 13, Ерик Мекколум и Тарик Биберовиќ по 11 и Бонзи Кулсон 10.
ПАО успеа да ја прежеивее лошата партија на МВП на сезоната, Кендрик Нан погоди само четири пати од 15 обиди. Ефес блескаше три четвртини, неколку пати имаше предност од 12 поени, но играта на турскиот тим се распадна во последниот период во кој постигнаа само 11 поени.
На крајот преусди тројката на Грент на 30 секунди до крајот.
Хуанчо Ернангомес со рекорд во кариерата, 20 поени и 16 скокови и индекс на корисност 40 го предводеше ПАО. Кај Ефес Ларкин и Поарие постигнаа по 17 поени.