Боливискиот селектор за Аргентина: Ќе им го изедеме џигерот на височина!

Боливискиот селектор за Аргентина: Ќе им го изедеме џигерот на височина!

пред 4 години

Гостувањето во Боливија секогаш претставува проблем за јужноамериканските репрезентации, и селекторот Цезар Фаријас вети дека ќе им направи „пекол“ на Аргентина и Лео Меси вечерва кога ќе се сретнат во квалификациите за СП во 2022 во Ла Паз.

„Мораме да престанеме со боливиските изјави дека сме кутри. Да има кажеме дека сме опасни! Сакаме да им го изедеме џигерот на нашите противници на височина“, вели Фаријас за „ЕСПН“.

Боливија ќе ги пречека Аргентинците на „Естадион Ернано Силес“ во Ла Паз, на 3.600 метри надморска височина, што може да претставува проблем за фудбалерите кои не се аклиматизирани со вртоглавица и недостаток на воздух.

„Да се игра на ‘Ернано Силес’ не е лесно. Нема такво друго искуство“, додаде Фаријас.

Во квалификациите за СП во 2018 година, Боливија дома ги победи Аргентина и Чиле, а одигра нерешено со Бразил. Во 2009 тие ги победија Аргентина со 6:1, најлош пораз во последните 60 години, а четири години подоцна Меси повраќаше на теренот, а Анхел ди Марија мораше да добива кислород од боца при 1:1 ремито.



Share
Scroll to Top