Фудбалерите на Болоња ремизираа 1-1 на гостувањето кај Торино во рамки на 13 коло во Серија А.
Четата на Синиша Михајловиќ можеби ќе имаше можност да се бори за целиот плен доколку не беше киксот на голманот на Болоња, Да Коста во 69 минута кога топката испратена од Верди по неспретната реакција заврши во неговата мрежа.
Бодот за Болоња е благодарение на голот на Роберто Сориано на 12 минути пред крајот.
Болоња имаше повеќе шанси на мечот, но мораше да се задовили само со бод против тимот кој е претпоследен на табелата и кој по се изгледа ќе води грчевита борба за опстанок со екипите на Џенова и Кротоне.