Бонучи му порача на Алегри: Ова не е тим

Бонучи му порача на Алегри: Ова не е тим

пред 3 години

Домашниот пораз на Јувентус од Емполи ги вознемири навивачите на „бјанконерите“ кои не беа задоволни од залагањето на целиот тим, а разговорот помеѓу капитенот Џорџо Кјелини и тренерот Макс Алегри, уште повеќе го потврдува тоа.

Сега следува интернационалната пауза, но алармот веќе е вклучен во „Континаса“ откако во првите две кола Јуве заработи само еден поен. Леонардо Бонучи утрово порача дека тоа вчера „не бил вистинскиот Јувентус“, но разговорот Кјелини-Алегри беше позагрижувачки.

Тренерот ја покри устата кога му зборуваше на ветеранот, но тој јасно проговори: „Ова не е тим“. Најава за реконструкција или нешто подрастично?

Share
Scroll to Top