Бонучи: Сакаат само да мразат, беа подготвени за погреб на Јувентус

Бонучи: Сакаат само да мразат, беа подготвени за погреб на Јувентус

пред 3 години

Леонардо Бонучи вели дека ривалите на Јувентус биле „подготвени за погреб“ на „бјанконерите“, но заборавиле на гордоста и на менталитетот на неговиот клуб.

Оваа порака доаѓа откако Јувентус во последното коло обезбедија место во Лигата на шампионите со 4:1 победа на Болоња, откако Наполи одиграа само 1:1 со Верона, неколку дена откако Јуве ја освоија и титулата од Копа Италија со 2:1 победа над Аталанта.

Бонучи не штедеше зборови за ривалите.

„Сите беа подготвени за погреб. Чекаа на последниот момент за да го прават тоа во што уживаат најмногу. Но, заборавија на гордоста на оваа група, на менталитетот на тимот, на мотото на клубот. Да, сезоната не беше најдобра, загубивме многу поени кога не требаше, но на крајот на сезоната го добиваш тоа што си го заслужил на теренот. Два трофеи на клубот, остварена цел кога сите се подготвуваа за погреб. На крајот, останува само Јувентус“, вели Бонучи.

Share
Scroll to Top