Борац од Бања Лука стана шампион на Босна и Херцеговина

Борац од Бања Лука стана шампион на Босна и Херцеговина

пред 3 години

Борац Бања Лука вторпат во својата историја стана шампион на Босна и Херцеговина, откако со 2:0 го совлада тимот на Тузла сити предизвикувајќи бура на трибините, каде што имаше илјадници навивачи.

Капитенот Стојан Врањеш постигна два гола за да го крене трофејот, а клубот може да стигне и до двојната титула, бидејќи во финалето на Купот во Зеница игра против Сараево.

Борац надополни негатива од 13 поени оваа сезона за втора титула во БиХ по таа од 2011 година, откако направија недостижна предност од 4 поени пред досегашниот шампион Сараево.

Share
Scroll to Top