Борнмут се самоуништија, Бретнфорд ќе се борат за пласман во Премиер лигата

Борнмут се самоуништија, Бретнфорд ќе се борат за пласман во Премиер лигата

пред 3 години

Фудбалерите на Брентфорд ќе се борат за пласман во Премиер лигата. Во првото-полуфинале, Бретфорд го елиминираа Бормнут, со вкупен резултат 3:2. По поразот пред четири дена од 1:0, Брентфорд во реваншот пред своите навивачи славеа победа 3:1.

Борнмут брилијантно го започнаа натпреварот, постигнаа гол во шестата минута преку Данџума. Она што го направија во првите шест минути, играчите на Борнмут го уништија за само 12 минути.

Кели во 16.минута играше со рака пред својот гол, а Томи израмни на 1:1. Во 28.минута, Мепам доби директен црвен картон.

Џанет им донесе предност на Брнтфорд од 2:1 во 50.минута, а на „Вембли“ ги однесе голот на Форс во 81.минута.

Во финалето, во мечот кој вреди 100 милиони евра, Брентфорд ќе играат против Свонски или Барнсли. Првиот меч на гостински терен го добија фудбалерите на Свонси со 1:0.

Share
Scroll to Top