Босанскиот бисер во Јувентус за 35.000.000 евра

Босанскиот бисер во Јувентус за 35.000.000 евра

пред 5 часа

Јувентус ја доби трката со Челзи за потписот за суперталентираниот репрезентативец на Босна и Херцеговина, Карем Алајбеговиќ.

Како што пишува најпознатиот фудбалски инсајдер, Фабрицио Романо, „Старата Дама“ од Торино ги договорила сите детали со 18-годишникот и неговиот сегашен клуб Баер Леверкузен.

Вредноста на комплетниот трансфер треба да изнесува 35.000.000 евра, според формулата 33 милиони се фиксни, а другите два милиони евра преку бонуси.

Младиот офанзивен играч од средниот ред го привлече вниманието на европските клубови за време на Светското првенство. Алајбеговиќ беше стартер во три натпревари на репрезентацијата на Босна и Херцеговина на Светското првенство, вклучувајќи го и поразот во 1/16финалето од домаќините, Соединетите Американски Држави. Тој постигна гол против Катар во последниот натпревар од групната фаза.

Алајбеговиќ се смета за еден од најталентираните млади фудбалери во Европа; ова лето се врати во Баер Леверкузен откако германскиот клуб ја активираше клаузулата за откуп.

Минатото лето, Баер Леверкузен го продаде Алајбеговиќ на Ред Бул Салцбург за приближно два милиони евра, но вклучи и опција за откуп од четири милиони евра – клаузула што ја искористија ова лето.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top