Бостон го запре Детроит, Оклахома гази се пред себе, Торонто ја запиша деветтата победа по ред

Бостон го запре Детроит, Оклахома гази се пред себе, Торонто ја запиша деветтата победа по ред

пред 2 часа

Победничката низа на Детроит Пистонс заврши изминатата ноќ во Бостон. Селтикс славеа победа 117:114, сега се на скор од 10 победи и осум порази. Пистонс останаа на лидерската позиција во Источната конференција со 15 победи и три порази.

Генерацијата на Детроит предводена од Кејд Канингем застана на 13 победи во низа, со што го изедначи рекордот на шампионските генерации на Пистонс од 1990 и 2004 година.

Натпреварот беше неизвесен до самиот крај, Дерик Вајт погоди тројка за +3 на минута до крајот, Тобијас Харис брзо одговори, а потоа тимовите влегоа во пенал завршница, која им припаднаа на Селтикс. Пејтон Причард стави точка на натпреварот две секунди пред крајот, кога ги погоди двете слободни фрлања за 117:114.

Бостон Селтикс до победата ги предводеше Џејлен Браун со 33 поени, 10 скока и пет асистенции, по него следуваше Дерик Вајт со 27 поени, седум скока и три асистенции, додека Пејтон Причард постигна 16 поени со пет скока и две асистенции.

Кејд Канингем се истакна за Детроит со 42 поени, осум скока и пет асистенции, по него следуваше Џејлен Дурен со 12 поени и 16 скока, додека Тобијас Харис постигна 12 поени со четири скока и три асистенции.

Кошаркарите на Торонто Репторс, ги победија Индијана Пејсерс со 97:95, со поените на Брендон Инграм во последните секунд.

Ова беше деветта победа по ред за тимот на српскиот тренер Дарко Рајаковиќ, односно 14-та во 19 натпревари од стартот на сезоната.

Торонто до победата го предводеа Инграм со 26 поени и осум скока, по него следуваа Скоти Барнс со 24 поени, 10 скока и четири асистенции, и Имануел Квикли со 15 поени, пет скока и шест асистенции, како и Џејкоби Волтерс со 13 поени.

Репторс беа ослабени во овој натпревар, бидејќи не играше Еј Џеј Барет.

Кај Пејсерс се истакна Ти Џеј Меконел со 16 поени, по него Бенедикт Матурин со 15, додека Паскал Сиакам имаше 11 поени со четири скока и две асистенции.

Репторс се на второто место на Истокот со 14 победи и пет порази, додека Пејсерс се на 14-то место со резултат од 2-16.

Оклахома Сити Тандер гази се пред себе. Актуелниот шампион забележа нова победа синоќа против Минесота со 113:105.

МВП-то на лигата Шеј Гилџис-Александер беше најефикасниот актер на натпреварот со 40 поени.

Од нив, тој постигна 15 од линијата за слободни фрлања од 17 обиди, имаше одлични 12/19 од поле, шутираше само двапати за три, погоди еднаш и додаде шест скока и шест асистенции.

Во неизвесна завршница, кога Тандер беа под голем притисок од Минесота, Шеј погоди три од четирите слободно фрлања.

Најважниот шут, сепак, дојде од раката на Чет Холмгрен, тројка, на 37 секунди пред крајот, кога и донесе на Оклахома предностод четири поени.

Тандер заслужено стигнаа до нова победа, 18-та во 19 натпревари, бидејќи водеа речиси целиот натпревар, освен во почетните минути и во средината на последниот дел, кога гостите накратко поведоа (94:93).

Ентони Едвардс беше најдобар во поразениот тим со 31 поен (5/10 за три), осум скока и шест асистенции.

Кај Оклахома, Ајзеа Хартенштајн беше втор стрелец со 15 поени, Чет Холмгрен додаде 12, а Еј-Џеј Мичел 13 од клупата.

Резултати:

Шарлот – Њујорк 101:129
/Милер 18 – Бренсон 33/

Мајами – Милвоки 106:103
/Хироу 29 – Ролинс 26/

Њу Орлеанс – Мемфис 128:133
/Алварадо 24 – Џексон 27/

Портланд – Сан Антонио 102:115
/Авдија 37 – Фокс 37/

Голден Стејт – Хјустон 100:104
/Батлер 21 – Шеферд 31/

Сакраменто – Феникс 100:112
/Вилијамс 21 – Мареј 19/

Share
Scroll to Top