Боњек удри по Јуве: Суперлига, а не можат да ја победат малата Аталанта

Боњек удри по Јуве: Суперлига, а не можат да ја победат малата Аталанта

пред 3 години

Претседателот на Полската фудбалска федерација, и поранешен напаѓач на Јувентус, Збигњев Боњек го нападна својот поранешен клуб, велејќи дека е бескорисно да се заклучат најдобрите клубови во Европа во својата лига кога „некои не можат да ја победат ниту малата Аталанта“.

Претседателот на Јувентус, Андреа Ањели е еден од водечките луѓе во проектот за Европската Суперлига која предизвика бура реакции.

„Фудбалот е на сите. Ние сме Европјани и немаме американски менталитет. Не можеме да замислиме само богатите клубови да е забавуваат. Нема потреба да се заклучат 12 или 15 од најбогатите клубови на светот, посебно кога овие клубови не можат да победат ниту против таканаречените мали клубови како Аталанта“, вели Боњек.

Јувентус вчера загубија со 1:0 од Аталанта и паднаа на четвртото место на табелата, со само два поени пред петтопласираниот Наполи.

Share
Scroll to Top